АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ

Македонската црква „Св. Климент” во Торонто

АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ

(1967) – формирана на Третиот црковно-народен собор во Охрид (16–18. Ⅶ 1967), кога е прогласена и автокефалноста на МПЦ, регистрирана во САД. Прв нејзин епархиски архиереј бил митрополитот Кирил, кој 20 години ја управувал епархијата (1967–1987). Од 1987 до април 1989 г. митрополитот Стефан ја носел титулата Американско-канадски, од април 1989 до 1992 епархијата ја администрирал архиепископот Гаврил, а потоа епархијата била под административна надлежност на Синодот. Архиепископот Михаил го презел администрирањето од 1993 –1999, архиепископот Стефан од 1999 до 2006, а митрополитот Американско-канадски Методиј (Златанов) од 2006 г. Цркви на епархијата има во Гери – Индијана (1963), Колумбос – Охајо (1965), Торонто – Канада (1965), Сираќуз
– Њујорк (1968), Хамилтон – Канада (1971). Епархијата има 30 свештенослужители, 30 цркви и два манастира. Секоја година, почнувајќи од 1975 г. организира црковно-народен собир на Денот на трудот (првиот викенд во септември), на кој учествуваат сите цркви од епархијата. Во црквите работат неделни училишта за веронаука, македонски јазик, историја на македонскиот народ и историја на МПЦ. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.