АМАКСП АД

„АМАКСП” АД – Охрид – фир-ма за производство и промет на автогалантерија и делови од пластика, настаната со трансформација на „Застава – херој Тоза Драговиќ”. Со одлука на Народниот одбор од 1960 г. е формирано металопреработувачкото претпријатие „Застава – херој Тоза Драговиќ” – Охрид, а изградбата почнала во 1961 г. Главно се произведувани пет производи за возилата Застава, ФСО и ФСМ – Полска, Автовоз и ГАЗ во Русија, како и: брави и рачки за возила; подигнувачи на стакло; внатрешни и надворешни ретровизори; шарки за врати и безбедносни појаси и др. Во септември 1994 г. фирмата „Застава – херој Тоза Драговиќ” се трансформира во 6 нови друштва, од кои само ова друштво ги продолжува истите активности. „АМАК СП” воведува своја технологија за автогалантериски производи за 250.000 возила, кое се остварува со 533 вработени (2.500–2.800 порано). Инсталираните машински капацитети (305 машини и 30 линии) се поставени на оградена површина од 85.000

22

м (32.780 м под покрив). Денес со успех се остварува производството и монтажата на 1.900.000 единици безбедностни појаси за возилата Автоваз и ГАЗ, како и артикли за 15.000 возила од производната програма на Застава автомобили. Сл. А.