АЛКЕТА

АЛКЕТА (ок. 573–541 пр.н.е.) – македонски крал од династијата на Аргеадите, син на Аероп Ⅰ и на Никаноја. Владее со „земјата на Македонците” (Херодот) и државата ја проширува на цела Пиерија, Ботиаја и Алмопија. ЛИТ.: Херодот, Историја. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1998; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997.
А. шук.