АЛКАЛОИД

„АЛКАЛОИД” – Скопје – водечка фармацевтска, хемиска и козметичка индустрија во РМ. Од 1936 г. преработува суров опиум на Балканот. Од 1946 г. станува државна фабрика за алкалоиди. Бележи постојан раст на асортиманот, капацитетот, бројот на вработените и на производството. Од 1957 г. почнува и со галенско производство на готови лекови. Бројот на вработените е 38 во 1947, 255 во 1965 и 3.200 во 1982 г. Од 1966 г. се интегрира со фабриките за лековити билки „Билка”, за хемикалии и фотоматеријали „Лафома” и за сапуни и козметика „Цветан Димов”. Во соработка со странски фирми, презема лиценци, доработува и произведува прекурсори. Врши екстракција на опиумски алкалоиди, преработка

на лековити растенија, производство на фармацевтски суровини, лекови за хумана и ветеринарна медицина, лабораториски и индустриски хемикалии, премазни средства, санитетски и рентген материјали, козметика и сапуни. ЛИТ.: 40 години АЛКАЛОИД, Скопје, 1976; Алкалоид ’82, каталог. Св. Х. Ј.-С. П.