АЛИН ДОЛ

АЛИН ДОЛ (с. Немањици, Св. Николе): 1. Неолитска и римска населба и некропола. На левиот брег на Орелска Река, на 1,8 км сз од селото, денес делумно под водата од езерото „Мавровица“. Заштитни истражувања се извршени во 1981 г. Керамиката е од раниот, средниот и од доцниот неолит. Хронолошки и културно одговара на блиската населба во Анзабегово и на културната група Анзабегово – Вршник И–ИВ. Во римскиот период егзистирала помала населба со керамички работилници. Откриена е печка за керамика. Покрај реката е откриена бања. Римска некропола со скелетни погребувања во камени цисти, кои датираат од Ⅲ–ИВ в.
2. Археолошко наоѓалиште 1,8 км с-з од селото. Во текот на изградбата на ХА Мавровица, Археолошкиот музеј во Скопје (1981), а потоа и Народниот музеј од Свети Николе (2003), извршиле заштитни ископувања со кои биле откриени остатоци од неолитска населба од постариот неолит, стратиграфски идентична на населбата Барутница во Анзабегово, темели од станбени објекти, скара од печка за печење тегули и имбрекси, како и гробови-цисти што припаѓале на мала рурална населба од римско време (И–В в.). Дел од наоѓалиштето веќе е под водите на акумулацијата. ЛИТ.: Драгиша Здравковски – Мила шурбаноска, Извештај од заштитното истражување на ХА „Мавровица“ во с. Немањици, Светиниколско, ЗАМ, Ⅹ–XI, Скопје, 1983. В. С.