АЛЕКСОСКИ, Блаже

АЛЕКСОСКИ, Блаже (Прилеп, 1. Ⅱ 1933) – актер. Член на Народниот театар од Прилеп (1953-1992). Автор е на драмски текстови и на популарни историографски книги. Бил и режисер на неколку претстави. Улоги: Марое (Дундо Ма-рое); Луков (Црнила); Тарвалд Хермер (Нора); Теодос (Чорбаџи Теодос). Режии: Печалбари; Антица; Мистер Долар; Ние сме ангели; Нажалена фамилија; Бегалка идр. Автор е на драмските текстови: Итроман Пејо; Приказна за полноќниот гостин; Колобан; Коста Саруфте идр. Р. Ст.