АЛГРЕТА, АД

„АЛГРЕТА”, АД – Ресен – производствено претпријатие, основано во 1974 г. од Собранието на Општина Ресен. Во периодот 1981–1997 г. е во состав на РО Металски завод Тито – Скопје, а од април 1997 е преструктуирано во АД. Располага со 6 машини за леење под притисок (1.000, 950, 380, 400 и 250 т), со комплетна придружна опрема: печки за топење на легурата (од 2 и 5 т), алати за леење, машини за механичка обработка на одливките и за спојување на радијатори, лабораторија за испитување на квалитетот на одливките, бојаџилница и друга опрема. Основни дејности: производство на алуминиумски грејни тела, одливки за електроиндустријата, машинската и автомобилската индустрија и галантерија од алуминиумски легури. Сл. А.