АЛБИЦИЈА

АЛБИЦИЈА (род Албиззиа Дуразз., фам. Легуминосае) – алејно дрво што опфаќа околу 50 вида листопадни дрвја и грмушки од тропските и суптропските делови на земјата. Единствениот вид што е внесен во Македонија пред педесетина години е А. јулибризин Дуразз., со широко заоблена до чадореста круна, крупни, парни, перести, нежни листови и жолто-црвеникави крупни цветови. Се користи како алејно дрво или солитер. Чувствителна на големи студови. Ал. Анд.