АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА .- најбројна етничка заедница во РМ, дел од албанскиот народ што ги населува западните простори на Балканскиот Полуостров. Кај другите балканските народи се познати и како Арбанаси, Арнаути или шиптари (Планинци). По вероисповед се главно муслимани.

Доселувања во Македонија се забележуваат главно по ⅩⅤⅠ в. Незабележително се доселувале веќе исламизирани. Доселувањето имало поголем интензитет во втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., кога албанските феудалци дејствувале за осамостојување од центрлната власт и проширување на своите владенија и во Македонија. Али-Паша Јанински (од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) ја проширил својата власт и во југозападните краеви на Македонија, по што всушност и започнало доселувањето на Албанците. Тогаш се доселувале по едно или повеќе семејства во околу триесетина села. Сите тие пристигнале од Северна Албанија и припаѓале на племето Геги. Во Тетово, Гостивар и во други места се појавиле полузависни паши од албанско потекло што ги поттикнувале доселувањата. Биле користени качачки банди што го тероризирале македонското население и го присилувале да се иселува. Во македонски домови и села се населувале албански семејства. Нивниот број до почетокот на ⅩⅠⅩ в. изнесувал околу 20.000 души.
Во периодот од 1780 до 1800 г. доселениците биле од племињата Красниќи и шаља и еден фис од Јужна Албанија. Тие се населиле во Битолско (Нижеполе и Старо Змирнево), во Гостиварско (Србиново, Градец, Речани и Чегране), во Кичевско (Зајас, Арангел и Поповјане, Оризари, Србица и Челопек), во Кумановско (Липково), во Прилепско (Десово, Житоше и Дебреште), во Скопско (неколку села на Дервенот, Гумалево, Ново Село и Брест), во Струшко (Долна Белица) и во Тетовско (Теарце, Порој, Гајре, Мала Речица, шипковица, Тетово, Калиште и Лисец). Вториот период на насилното доселување се одвивало од почетокот до четвртата деценија на ⅩⅠⅩ в.
Тогаш албанското население нараснало на околу 50.000, па од 2,43% (наспроти 97,57% Македонци) ок. 1800 г., веќе во 1840 г. се зголемило на 6,10% (наспроти 93,90% Македонци). Новодоселените родови Албанци дошле од областите на Северна Албанија: Елбасанско, Љума и Мат, а одЈужна Албанија дошле од Корчанско и од други краеви. Се населиле во Радолишта и Франгово (Струшко); Горњани, Чегране, Страјане, Равен и Доброште (Гостивараско); Бозовце, Гргурица, Нераште, Калиште, Ѓермол, Добриште, Слатино и шемшево (Тетовско); шишево, Вртекица, Д’лга, Раовиќ, Алдинци, Добрино, Радуша, Тисовица и Драчевица (Скопско); Ропалце (Кумановско) и во Кишава (Битолско). Периодот од 1840 г. до почетокот на ⅩⅩ в. се карактеризирал со помал број доселени Албанци. Во овој период Албанците се инфилтрирале во голем број населени места: во Битолско имало ок.
6.990 лица во 21 од вкупно 150 н. м.; во Велешко ок. 1.150 л. во 3 од вкупно 150 н. м.; во Дебарско ок.
11.905 л. во 8 од вкупно 71 н. м.; во Железник – Демир Хисар ок. 1.410 л.
во 5 од вкупно 43 н. м.; во Кичевско ок. 5.915 л. во 19 од вкупно 84 н.м., во Кочанско ок. 45 л. во 2 од вкупно 78 н. м.; во Крушевско ок. 2.600 л. во 10 од вкупно 24 н. м.; во Кумановско ок. 6.576 л. во 26 од вкупно 109 н. м.; во Охридско ок.
1.160 л. во 2 од вкупно 57 н. м.; во Полог ок. 34.861 л. во 119 од вкупно 205 н. м.; во Тетовско ок. 18.260 л. во 67 од вкупно 109 н. м.; во Прилепско ок. 1.305 л. во 3 од вкупно 88 н. м.; во Ресенско ок. 1.551 л. во 12 од вкупно 30 н. м.; во Скопско ок. 8.551 л. во 46 од вкупно 149 н. м., во Струшко ок. 5.831 л. во 18 од вкупно 32 н. м.; во Тиквеш имало ок. 24 л. во 2 од вкупно 96 н. м. До почетокот на ⅩⅩ в., како и потоа сћ до 1944 (со незначителни промени) Албанци се доселиле во 298 од вкупно 2.017 населени места во Македонија, во кои живееле околу 90.000 Албанци. Последниот (четвртиот) бран доселувања го опфаќа периодот по 1944 г. Така поради големиот наталитет и механичкиот прилив од Косово, Метохија и Јужна Србија, нивниот број постојано се зголемувал. До Балканските војни (1912-1913) во Македонија живееле 128.711 Албанци или 5,70% од целокупното население. По поделбата на Македонија, поголемиот дел од албанското население живеело на денешната територија на РМ.

Во 1948 г. во НР/СРМ живееле 197.389 (17,1%) Албанци, во 1981 – 377.208 (19,8%), а според пописот од 2002 се декларирале 509.083 Албанци или 25,17% од целокупното население. Најголем дел од нив живеат во проширената општина во Скопје (103.891), Тетово (60.886), Гостивар (54.038), Струга (36.029), Куманово (27.290), Липково (26.360), Желино (24.195), Студеничани (11.793), Зајас (11.308)

Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

итн. Од вкупно 85 општини, албанската етничка заедница е мнозински етнички елемент во 16 општини. Растежот на албанското население во РМ се должи на високиот наталитет и на миграционите движења од Косово и Метохија. Во времето на Кралството Југославија Албанците не уживале национални права. Во периодот на Втората светска војна (1941-1945) поголемиот дел од нив се ориентирале кон албанското националистичко движење (Бали Комбетар), а помал дел кон антифашистичкото (комунистичко) движење. По Втората светска војна Албанците во РМ добиле полна политичка и уставна рамноправност. Со Уставот од 1946 г. добиле статус на малцинство, а со Уставот од 1963 г. статус на народност. Со Охридскиот рамковен договор (2001) и амандманите на Уставот на РМ нивните национални права се значително проширени. Наместо малцинство, добија статус на етничка заедница (дел од албанскиот народ). Тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет (јазик и културни традиции). Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес (основно, средно и високо образование). Бројот на училиштата и бројот на учениците постепено расте. Во учебната 1950/51 г. наставата на албански јазик ја следеле 26.702 ученици, во 1990/91 – 72.121, а во учебната 2005/06 г. –
80.247 ученици. Во учебната 2005/06 г. во РМ имало 286 основни, 28 средни училишта, едно средно исламско училиште, Факултет за исламски теолошки науки (Кондово), Албанска секција на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје и два универзитета во Тетово – Тетовскиот државен универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа. Албанскиот јазик е присутен секојдневно во државните електронски медиуми (радио и телевизијата), а приватните ТВ станици (Алсат, Ера, Тоска, Арт канал, Коха) секојдневно емитуваат програми на албански јазик. На албански јазик во НРМ/СРМ излегуваа весници („Флака е велазеримит”), списанија за возрасни („Јехона”) и списанијата за деца („Гезими” и „Фатоси”). Во РМ излегуваат три весници на албански јазик („Коха”, „Лајм” и „Факти”), списанието „Јехона е ре” и списанието за деца „Илбери”. Повеќе издавачки куќи, како „Ватра”,
„шкупи”„Чабеј”, „Љума” и други, издаваат дела од албански автори и дела од светската литература на албански јазик.

Културните традиции на Албанците ги негуваат повеќе културно-уметнички друштва, како
„Емин Дураку” (Скопје), „Ибе Паликуќа” (Скопје), „Џеладин Зекири” (Тетово), „Беса” (Гостивар), „Миѓени” (Струга) и др. Во Скопје и Тетово постои и Албански театар. Албанците имаат и свој национален празник (28 Ноември – Ден на албанското знаме). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на РМ. Нивните интереси ги артикулираат албански политички партии: Партија за демократски просперитет (ПДП), Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ) и др. ЛИТ.: Васил Кънчов, Македони®. Географи® и статистика, Софи®, 1900; Каплан Буровиќ, Потеклото на Албанците, Женева, 2005; Јован Трифуноски, Албанците во Македонија, Београд, 1998; Д-р Милош  Констатинов, Од каде и кога шиптарите навлегоа во Македонија, „Културен живот“, ЏЏВ, 7-8, Скопје, 1990; Завод за статистика на СР Македонија. Попис на населението, домаќинствата и становите,
1981, Скопје, 1984; Завод за статистика на Р. Македонија. Попис на населението од 1994 г., Скопје, 1997; Завод за статистика на Р. Македонија. Попис на населението, домаќинставата и становите во Р. Македонија, Скопје, 2004; Д-р Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913-1995), Скопје, 2000; Д-р Стојан Киселиновски – д-р Ирена Ставо
ви-Кавка, Малцинствата на Балканот (ⅩⅩ век), Скопје, 2004. Ст. Кис. и Ѓ. Малк.