АЛАТИНИ

АЛАТИНИ (ⅩⅠⅩ в.) – еврејско трговско-банкарско-индустриско семејство во Солун| меѓу 20 најбогати фирми во Солун со „С. Фернандес и син” „Саул Модиано” и „Исак Јосуа Модиано”. Овие куќи имале филијали и во Марсеј. Од средината на ⅩⅠⅩ в. отвориле индустриски претпријатија во Македонија| главно во Солун: фабрика за брашно| две за памук| за тули| за ќерамиди| мелница со парни турбини во Штип и др. Со Саул Модиано и Фернандес Мизраки отвориле пиварница „Олимбос” во Солун. Во 90-тите години на ⅩⅠⅩ в. имале концесии за експлоатација на железни руди на Халкидик и хром во Скопско| Средна и Јужна Македонија. Заедно со францускиот рударски инженер шарто| експлоатирале антимон и арсеник близу Криволак и рудникот Алшар| кој ги носи првите букви на Алатини и шарто. Алатини биле членови на трговската комора во Солун. Од Македонија извозувале жито| памук| волна| кожурци| сусам| тутун и магнезиум| а увозувале ориз| шеќер| кафе| ткаенини и др. Во 1875 г. основале сопствено модерно еврејско училиште со ок. 500 ученици. ЛИТ.: М. Т.| Фабричка индустрија у Европској Турској| „Економист”| 2| 11| Београд| 1913; Д-р Данчо Зографски| Развитокот на капиталистичките елементи во Македонија за време на турското владеење| Скопје 1967. М. Здр.