АКТА ХИРУРГИКА ЈУГОСЛАВИКА

АКТА ХИРУРГИКА ЈУГОСЛАВИКА” („АЦТА ЦХИРУРГИЦА ИУГОСЛАВИЦА”) – стручно списание на Здружението на хирурзите во СФРЈ. Основано во 1950 г. од Хируршко-ортопедската секција на Здружението на лекарите во Хрватска како „Ацта цхирургица”| а од 1953 излегува како Ацта цхирургица Иугославица. Првиот Уредувачки одбор е во Белград. Членови во Уредувачкиот одбор од македонските хирурзи биле Сотир Ставридис и Панче Караѓозов. Од 1971 до 1987 г. Уредувачкиот одбор е во Скопје| а главен и одговорен уредник на списанието бил Кочо Серафимов. Ал. Ставр.