АКСАК

АКСАК (тур. аксак) – ознака за формите на ритамот во асиметричните мерки во кои сите мерни единици не траат подеднакво долго. На пр. кај тривремените тактови| каде што првото време е подолго. Посебна група во ритмиката на македонското пеење претставуваат и специфичните асиметрични мерки| како што е 7/8 такт| во кој троделниот сегмент се наоѓа на првото акцентско место| врз чија основа лежат трохејот и дактилот| карактеристични за ритамот на македонското оро. Р. В.