АКСАКОВ, Иван Сергеевич

АКСАКОВ| Иван Сергеевич (с. Надеждино| Оренбургска губ.| Русија| 26. IX / 8. Х 1823 – Москва 27. Ⅰ / 8. Ⅱ 1886) – руски словенофил| публицист| поет и литературен критичар. Ја завршил Московската школа за правни науки (1842). Работел во Сенатот и во М-ството за внатр. работи| но поднесол оставка (1852) и работел како публицист и редактор на весници и списанија („Русская беседа”| „Парус”| „ДенÝ”| „Москва”| „Москвич”| „РусÝ”). Еден од организаторите на Московскиот словенски комитет и организатор на Словенскиот конгрес (1867). Теоретичар на словенофилството. Верувал во месијанската улога на Русија за Словените| во „сесловенството” и во „свеста за словенската опшност и едноплеменост” од времето на петровските реформи| кога Русија се претстави на меѓународната сцена како моќна православно-руска држава и „со своето ново битие ги разбуди другите словенски земји”| се приближува до официјалниот руски панславизам| подразбирајќи го главно како „духовно и морално| а не политичко првенство на Русија во словенскиот свет”. Рајко Жинзифов бил близок негов соработник| но ги поддржувал бугарските национални позиции во Русија. Непосредно пред смртта се убедил дека Македонците се одделен етникум во словенскиот свет и „ги советувал своите воспитаници Македонци во 1886 г. да изделат македонски литературен жаргон”. Една година потоа П. Драганов и научно ги обосновал тие ставови во Русија.
БИБ.: Сочинения| 1–7| Москва| 1886– 1887; Иванъ Сергеевичъ Аксаковъ въ его писÝмахъ| 1-4| Москва| 1888–1896; в. „Свобода”| Ⅵ| 786| София| 13. Ⅳ 1892| 3. Бл. Р.