АКАМИР

АКАМИР (Ⅷ–IX в.) – архонт (кнез) на словенското племе Велегезити (во Тесалија). Се замешал во династиските борби во Византија во времето на царицата Ирина. Се обидел да ги ослободи синовите на Константин Ⅴ (Ⅲ 799)| кои биле затворени во Атина и да избере еден од нив за цар. Ирина го задушила бунтот. Неговата натамошна судбина не е позната. ЛИТ.: Т. Живковић| Јужни Словени под
византијском влашћу (600–1025)| Београд| 2002. К. Аџ.