АИЛ, МАЛА ПРЕСПА (во Малото Преспанско Езеро, Р. Грција) – остров на чија територија се наоѓа трикорабната, катедрална базилика во урнатини, посветена на Св. Ахилеј од времето на владеењето на Самуил. Покрај јужниот ѕид (од внатрешната страна)

Островот Аил во Преспанското Езеро
се откриени три гроба. Третиот (Гробот Г) припаѓал на маж во зрели години. По опсежната анализа на скелетот, наодите на алчињата од панцирната кошула и на остатоците од свилената, скапоцена одежда, истражувачот А. Муцопулос Гробот Г го припишува на Самуил. Наодите се чуваат во Солун.