АЗБИЈА

АЗБИЈА . – насилник, зулумќар во времето на османлиското владеење во Македонија. Нивниот број посебно нараснал во времето на Руско-турската војна (1877/ 1978), кога зеле учество како доброволци во османлиската армија и попатно ги пљачкосувале македонските населени места. Притоа дебарските азбии го опљачкале и градот Крушево. Народниот пејач ги проколнал: „бог да убие дебрани… / што настанаа азбии / по таа река Радика, / по тие села рисјански, / старо и младо колеа…”. ЛИТ.: Збирка на македонски народни песни. Редактирал Блаже Конески, Скопје, 1945, 324; Македонски народни песни, собрани од фестивалите во Битола и Штип на 11 октомври 1947. Редактирал Васил Иљоски, Скопје, 1948, 37; Трајан Никодиноски, Народни песни од Охридско, Охрид, 1974, 142. С. Мл.