АДИНГ

„АДИНГ” – Скопје – фабрика за производство на хемиски производи за градежништвото. Основана е во 1969 г., а од 1978 г. работи самостојно. Од 1980 г. како „Адитиви инжинеринг” (АДИНГ) ги проширува капацитетите и асортиманот. Во 1987 г. производниот погон е целосно разрушен во експлозија. Проширена модерна фабрика е изградена на нова локација што произведува, применува, пласира и интензивно извезува: адитиви за цемент и малтер, хидроизолатори, пластификатори, китови, епоксидни и силиконски системи, лепила, средства за заштита од корозија и од пожар и др. ЛИТ.: 35 години АДИНГ, монографија, Скопје, 2004. Св. Х. Ј.