/АВТОХТОНИ ЦВЕЌИЊА

АВТОХТОНИ ЦВЕЌИЊА

АВТОХТОНИ ЦВЕЌИЊА (ЕНДЕМИЧНИ, РЕЛИКТНИ, ЗАГРОЗЕНИ) – украсни, зелени, гр-мушести и полугрмушести растенија, кои се автохтони, односно потекнуваат и природно се распространети на подрачјето на Македонија (Астрагалус пхѕсоцалѕџ, Астрагалус цернјавскии, Цолцхицум мацедоницум, Потентилла доерфлери, Ранунцулус дегени, Осмунда регалис, Салвиа јурисиции, Силене паеониенсис, Асплениум мацедоницум, Цроцус цвијици, Цроцус пелистерицус, Дросера ротундифолиа, Тхѕмус оехмианус, Тулипа марианнае, Виола арсеница, Виола аллцхариенсис и др.). Често се ендемични или реликтни видови, некои се вклучени во листите на загрозени видови. Тие се од посебно значење за биолошката разновидност, како генофондови за научни истражувања, во селекционите зафати и како потенцијални видови за пејзажното обликување и уредување. ЛИТ.: Студија за заштита на природата, Завод за заштита на природата, Скопје, 1988. С. Х. П.

2019-01-05T18:11:33+01:00 Коментарите се исклучени на АВТОХТОНИ ЦВЕЌИЊА