АВТОНОМИЯ

АВТОНОМИЯ Софија, 1-16. Ⅷ 1903, ст. ст.) – задграничен весник на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Излегувал на бугарски и француски јазик. Бил печатен во печатницата на Георги А. Ножаров, најавен дека ќе излегува секоја сабота, но излегле само три броја. Уводникот на првиот број има наслов „Пред револуцијата”, со напомена: „пред судбоносните настани што се одвиваат во нашата татковина ние нема да зборуваме. Оставаме на самите настани да зборуваат. Ако денес Организацијата се решава да излезе со свој задграничен лист, тоа го прави за да ги изнесува пред светот барањата на населението што се бори и да го заштити неговото дело од оние што сакаат да го клеветат.” Во истиот прв број на француски јазик е објавена и „Декларација на ВМОРО”, потпишана од задграничните претставници во Бугарија д-р Христо Татарчев и Христо Матов. Вториот број од 5 август, (ст. ст.) соопштува: „Жрепката е фрлена, борбата почна. На 20 јули вечерта во три часот по турско, согласно со решението на Централниот револуционерен комитет, започнаа дејствата во целиот Битолски вилает… Претседател на Битолскиот востанички штаб е Даме Груев, а членови се: Пере Тошев, Борис Сарафов и А. Лозанчев…” Третиот и последен број од 16 август е исполнет со сведоштва за текот на Илинденското востание. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 29-30. С. Мл. Првата страница на в. „Автономна Македонија” (1905)

2019-01-05T18:11:33+01:00 0 коментари