АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ НЕДЕЛНИК

Факсимил од „Австралиско-Македонски неделник”

„АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ НЕДЕЛНИК” . („АУСТРАЛИАН-МАЦЕДОНИАН ЊЕЕКЛЅ)

(Мелбурн, Австралија, 5. Ⅴ 1986 –) – најтиражниот македонски весник надвор од РМ. Основачи се Анџело Патерас, Џим Томев, Петар Коруновски и Крсте Наумовски (под главна редакција на Џим Томев). Се печати на македонски и англиски јазик, во тираж од 6.000 примероци. Подоцна сопственици-редактори се: Александар Георгиев (1991–1993), Златко Блајер и Љупчо Станковски (1993–1999) и Љупчо Станковски (од 1999). Весникот има редакција (11 новинари) во Скопје и дописна мрежа од светот, а се распространува, покрај во Австралија и РМ, и во Егејскиот, Пиринскиот и Малопреспанскиот дел на Македонија. Бл. Р.