//АБРАШЕВИЌ” СОЈУЗ НА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА

АБРАШЕВИЌ” СОЈУЗ НА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА

„АБРАШЕВИЌ”, СОЈУЗ НА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА – првата самостојна Работничка уметничка група „Абрашевиќ” била основана во Бел-град (30. Ⅹ 1905) во рамките на Работничкиот сојуз и Социјалдемократската партија. Подоцна биле формирани истоимени КУД и во повеќе други градови. Во Македонија првите вакви КУД биле формирани во Скопје (1919) и Куманово. Во Кралството Југославија имало вкупно 42 друштва (во Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора). Поради расцепот на работничкото движење на Комунистичка и Социјалистичка партија, со време се поделиле на две групи (1923-1929). Едните биле под влијание на Независната работничка партија и Независните синдикати, предводени од КПЈ, а другите (т.н. центрумаши) биле под контрола на Социјалистичката партија и биле фаворизирани од власта. По шестојануарскиот преврат (1929) била забранета работата на Независните синдикати и независните КУД „Абрашевиќ”. Биле обновени дури во 1937 г. во рамките на УРСОВите синдикати. Во декември 1940 г. пак била забранета дејноста на овие синдикати, а со тоа и на КУД „Абрашевиќ”, а нивниот имот бил предаден на режимската синдикална организација ЈУГОРАС и на режимското КУД „Абрашевиќ”, кое во Србија продолжило и во времето на Втората светска војна. Во 1944 г. пак била обновена работата на КУД „Абрашевиќ” во состав на Месниот синдикален совет на Белград. До 1950 г. во Југославија работеле вкупно 20 КУД „Абрашевиќ”, а во 1970 г. имало едно друштво во Босна и Херцеговина, 19 во Србија (од кои едно во Војводина) и две во Македонија. С. Мл.

2019-01-05T18:11:31+00:00 Коментарите се исклучени на АБРАШЕВИЌ” СОЈУЗ НА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА