АБРАШЕВИЌ , Коста

АБРАШЕВИЌ , Коста (Охрид, 20. Ⅴ / 11. Ⅵ 1879 – шабац, 20. Ⅰ 1898) –„прв пролетерски „АБРАШЕВИЌ” А „Абрашевиќ”, машки хор (Битола, 1933), со диригентот Калипсо Налча поет” во Србија, борец за „работното човештво”. Завршува Ⅲ одделение грчко училиште во Охрид, а по одењето на семејството на печалба во шабац, Србија (1888) го продолжува образованието во српското училиште. Поради тешко заболување, воⅤклас го напушта училиштето. Го моли Министерството за надворешни работи (1896) да се запише како стипендист во Учителската школа „за да $ бидам – пишува – полезен на татковината, а посебно на моето родно место”. Молбата му е одбиена. По усвојувањето на социјалистичките идеи (1894), усилено пишува егзалтирани стихови и објавува свои и преведени песни (од германски) во весниците „Социјал-Демократ” (1895) и „Врач” (1896). Посмртно му е објавена единствената стихозбирка „Песме” (1903). Песните Свири ветре, Црвена, Пут у завичај и др. стануваат популарни во борбата за работнички права и слободи. Патрон на културно-уметнички друштва во Македонија. ЛИТ.: Јован СкерлиÊ, О песмама Косте АбрашевиÊа, СКГ, 4, Београд, 1903; Инж. Мома ПоповиÊ, Коста АбрашевиÊ – ње-гов живот, рад и идеје, Београд, 1940; Д-р Стојан Ристески, Коста Абраш. Пролетерски поет од Охрид. Прилог одбрана поезија, Охрид, 1981. Бл. Р.