АБА, Јисраел

АБА, Јисраел (XVII в.) – рабин во Скопје. Служел во синагогата „Бет Јаков# (1617). Потекнувал од семејство со голема рабинска традиција. Во истиот период се спомнува како рабин и неговиот син шломо бен Ахарон Абајов.
ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990.
Ј. Нам.