АБАЏИСТВО

АБАЏИСТВО (тур. абацилик, од ар.) – занает за производство на аба, дебела волнена ткаенина од која се изработувала главно машка облека. Во Македонија било особено развиено кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и во почетокот на ⅩⅠⅩ в., како една од најзначајните дејности на македонското занаетчиство. Неговиот развиток бил тесно поврзан со развитокот на сточарството, а посебен замав зело по воведувањето на редовната турска армија (1826), бидејќи воените униформи биле изработувани од аба. Македонската аба била извозувана и на пазарите во другите балкански земји, а преку Цари-град и во Мала Азија (посебно во Анадолија), па и во Африка (Александрија) и Индија. Во третата и четвртата деценија на ⅩⅠⅩ в. се појавиле и првите мануфактурни работилници за аба. Меѓутоа, во последните децении на векот, со конкурентската појава на шајаците и сукната од западните земји и запоставувањето на народната за сметка на европската модерна облека, започнало нагло опаѓање на абаџиството. Такви занаетчии веќе нема. Абаџиската традиција е задржана во презимињата на некои семејства. ЛИТ.: П. Ташков, Истори® на нашето занаетчийство по Освобождението ни, София 1922; Ст. Хинков, Занаятчийството в Б„лгари®, София 1926. С. Мл.