ПРАШУМА ВО МАКЕДОНИЈА

ПРАШУМА ВО МАКЕДОНИЈА – природна шума исклучена од стопански активности што не е загрозена од загадување. По Втората светска војна во Република Македонијанасади со прашумски карактер се наоѓаа во тешко достапните терени на Беласица, Кожуф, Караорман, Плачковица и други и врз база на тие дрвни маси е планирана дрвната индустрија. Една чиста букова шума со прашумски карактер на Осоговската Планина останала недопрена. Таа се наоѓа во сливот на Злетовска Река, меѓу 1473 и 1600 м надморска висина, во пределите Мртвица и Емиричка шума. Геолошката подлога е гнајс, длабока е до 60 цм, кисела рН=4,3-5,8. шумата зафаќа 458 ха и е детално проучена по надморски височини од Ц. Ивановски (1978). Нејзината возраст е 140– 160 години и има 450–700 стебла на 1 ха. Висока е 28–30 м и дебела 24–44 цм. Дрвната маса изнесува 557–772 м 3/ха. Во шумата нема об-нова што според сфаќањето на Лајбунгуд (швајцарски одгледувач на шуми) прашумата се наоѓа во оптимална фаза на развој. Р. Р.