ПАРИСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАРИСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (29. Ⅵ – 15. Ⅹ 1946) – меѓународна конференција за утврдување на повоениот поредок во Европа. Пред почетокот на работата на Конференцијата Димитар Влахов поднел интерпелација во Сојузното собрание (18. И 1946), со која Југославија требало да бара на Мировната конференција интегрално решавање на македонското национално прашање, да се формира Македонска Република во составот на ФНРЈ. Интерпелацијата била игнорирана, како и други македонски барања. Југословенската делегација на Мировната конференција не го поставила македонското прашање, а кога било покренато од австралиски делегат со поднесување амандман, шефот на Делегацијата Едвард Кардељ остро се спротивставил и издејствувал повлекување на амандманот. Конференцијата ги потврдила предвоените граници на балканските држави во Македонија. ЛИТ.: Михајло Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање (1943-1946), Скопје, 2000; Владимир Дедиер, Париска конференција, Београд 1947; Вера Ацева, Писмо до Темпо, Скопје, 1991. М. Мин.