ОХМУЧЕВИЌ, Стефан Хрељо Драговола

ОХМУЧЕВИЌ, Стефан Хрељо Драговола (ќесар Хрељо; во мо-наштвото Харитон; во народните песни Хрељо Крилатица, Хрељо од Пазар, Рељо шестокрили, Рељо од Будим, Крилест Бошњанин, крал шестокрили) (Босна, крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Рилски манастир, 27. ⅩⅠⅠ 1342) – благородник, војсководец, протосеваст на српскиот крал Стефан Дечански (1321–1331) и на српскиот цар Стефан Душан (1331–1355), ќесар на Византија и епски јунак. Како веќе истакнат војсководец, Стефан Дечански под негова команда му испратил помош во војска на византискиот владетел Андроник Ⅱ против неговиот внук Андроник Ⅲ (1327). Во една повелба Андроник Ⅲ го нарекува „велики доместик“. Средиштето на неговите владенија првин било во Штип, а Го обновил Рилскиот манастир (1334) и таму ја изградил познатата Хрељова кула (1335). Тогаш неговото владение се простирало на областите на Штип, Струмица и пл. Рила. Подоцна, од непознати причини, се одметнал од Стефан Душан и ја признал врховната власт на Византија (1339/1340), при што ја добил титулата ќесар и образувал свое кнежевство со средиште во крепоста во Струмица. По смртта на императорот Андроник Ⅲ (1341) учествувал во граѓанската војна во Византија (1341–1347) и за помошта на страната на Јован Кантакузин, тој му го отстапил градот Мелник. Во тоа време неговото владение го опфаќало просторот меѓу Штип, Мелник и левиот брег на реката Струма. Со склучениот сојуз помеѓу Јован Кантакузин и Стефан Душан (летото 1342), неговото владение пак потпаднало под српска власт. Стефан Душан ги зазел Воден, Струмица и Мелник и го опсадил Серез. Лишен од власта, тој се повлекол во Рилскиот манастир и се замонашил под името Харитон, но ненадејно починал. Веројатно бил убиен по наредба на Стефан Душан. Зачуван е неговиот надгробен натпис од тоа време. Во народните песни тој плени со убавина и јунаштво и е побратим на Марко Крале. Именувањето Крилатица го добил според облеката – калпак и оклоп со крилја. За да покаже дека има славни претци, Петар Ивелин Ох-мучевиќ (дон Педро), кој се истакнал во поморска шпанска служба, Рељо Охмучевиќ го зел за свој предок и во врска со тоа настанал познатиот грбовник на Петар Ох-мучевиќ во кој го афирмирал и македонскиот грб и македонското име (1584/94). ЛИТ.: Стефан Веркови¢, Српске народне песме из Сереза, књ.2, САНУ, Београд, 1860, 32 (ракопис); Д. С. Јованови¢, Хреља Охмучеви¢, „Отаџбина“,В,9, Београд, 1881, 363-370; Ј. Иванов„, Св. Иван„ Рилски и негови®т„ манастир„, Софи®, 1917; Ст. Станојеви¢, Реља Крилатица, „Политика“, 10. Ⅹ 1930; Хр. Христов – Г. Стојков – Кр. Ми®тев, Рилски®т манастир, Софи® 1957; М. Дини¢, Реља Охмучеви¢ – историја и предање, „Зборник радова Византолошког института“,9, Београд, 1966; Д-р Александар Матковски, Грбовите на Македонија, Скопје, 1970, 46-53; Л. Прашков, ХрелÏовата кула, Софи®, 1973; М. Ц. Бартусис, Цхрелја анд Момчило: Оццасионал Сервантс оф Бѕзантиум ин Фоуртеентх Центурѕ Мацедониа, „Бѕзантинославица“, 41, 1980; М. Диниќ – С. ќирковиќ, Хрелјин поклон Хиландару, „Зборник радова Византолошког института“, 21. 1982. С. Мл.