НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈБИТОЛА (1949 –) – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивната музејска презентација. Како база за нејзиното формирање послужиле археолошките наоди од локалитетот Хераклеја Линкестис (в) добиени со археолошките истражувања од пред и во времето на Втората светска војна. Предмет на нејзината стручна работа се археологијата, историјата, историјата на уметноста и етнологијата на Битола и Битолско. Со тоа припаѓа на типот на општите музеи. Сместен е во поранешната касарна, која е споменик на културата. Има присобрано значителен број музејски предмети, кои ги презентира преку повремени изложби. Со функциите што ги извршува, претставува значајно културно средиште за Битола и за пошироката околина. Во својство на Завод за заштита на спомениците на културата, врши и конзерваторско-реставраторски зафати врз подвижните и недвижните културни добра. К. Бог. љубител на природата направил Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Битола Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, Охрид