МАНАСИЕВСКИ, Јован

МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев (с. Голате, Гостиварско, 27. И 1943) – генерал-потполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Гостивар, а Воена академија на ЈНА во Бањалука. Офицерската кариера ја започнал како командир на тенковски вод и чета, а потоа командант на оклопен баталјон и на оклопна бригада. Завршил Командноштабна академија и школа за народна одбрана. Во АРМ бил командант на корпус, помошник на НГШ за ОНР и заменик на НГШ на АРМ, по што бил пензиониран (8. Ⅺ 1999). В. Ст. Пепи Манасков