МАКЕДОНИА

„МАКЕДОНИŒ (Софија, 11. Ⅹ 1927 – 31. Ⅷ 1934) – дневник за политика, културен живот и информација, деклариран како „орган на македонската емиграција во Бугарија“, а потоа „секојдневен пладневен весник“. Директор бил Г. Кулишев, а редакцијата ја сочинувале В. Думев, Симеон Евтимов и Димитар Талев. Излегувал во тираж од 10.000–12.000 примероци, а бил печатен во софиските печатници „Преса“, „Стопанско развитие“ и „Полиграфија“. Објавени се вкупно 2.348 броја. Од 1928 г. бил под контрола на Иван (Ванчо) Михајлов. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 284- 288; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 69.С. Мл.