ЕРЕМИЈА

ЕРЕМИЈА -. еден од поголемите христијански православни празници, посветен на светиот пророк Еремиј (14/1 мај) кој живеел шест века пред Исус. Обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери, жаби, желки и други влекачи. Вечерта спроти празникот, на стемнување, на кација ставаат жар, врз жарот ќуќур или исушен измет од говеда, за да чади, и тропајќи со машата врз кацијата во градините или над дупките каде што мислат дека има вакви штетници, пеат: „Бегај бегај поганија, / ете ти го Еремија, / ќе ти мотат черевата / со железно мотојло” итн. Во песните што се исполнуваат Еремија е претставен како митски јунак. Во повеќе места во Македонија на празникот Еремија се правеле црепни, со пеење црепнарски песни. ЛИТ.: Јеврем А. Илић, О празницима православне цркве, Београд 1860; Сборникљ отљ бљлгарски народни умотворениџ, =аст трета, отделљ Ⅰ и Ⅱ, Бљлгарски оби=аи, обрџди, суевериџ и костЃми, книга Ⅶ, сљбрал и издава К. А. шапкарев, Софиџ, 1891. М. Кит.