ВОДИТЕ ВО Република Македонија

ВОДИТЕ ВО Република Македонија – ги формираат површинските протечни води (6,4 милиони м 3/г.), природните езера (Охридско, Преспанско и Дојранско, со вкупен волумен од 55,5 милијарди м3) и подземните води (неутврдени вкупни количини, 3 над 300 милиони м вода годишно понира во подземјето). Речните води се најважни, па со 3.200 лит-ри/жител годишно, Македонија спаѓа во полусушните региони. Нерамномерната распределба на врнежите – годишно варираат од 380 мм во некои централни и источни делови, до 2.000 мм во планинските региони на запад – предизвикува долг сушен период во лето и есен. Љ. Т.