БРАНИ во Македонија

БРАНИ во Македонија – објекти со кои се преградуваат водотеци и се формира акумулација, која се користи за наводнување, производство на електрична енергија, водоснабдување, заштита од поплави и др. Во Република Македонија се изградени 24 големи (повисоки од 15 м) и 110 мали брани, со вкупен акумулационен простор од 3 2,42 км . Малите брани се насипни, а од големите 16 се насипни, 8 бетонски. Највисока е каменоземјената брана „Козјак” (114 м), на реката Треска, со акумулација 3 0,5 км , потоа „Тиквеш” (104 м) и „шпилје” (101 м). Првата изградена брана –„Св. Андреја” (лачна, 29,5 м, 1938 г.) – за производство на електрична енергија (Н = и 3,2МЊ) и денес е во употреба. Од 1952 до 1972 г. се изградени 13 големи брани – седум насипни („Маврово”, висока 54 м, „Глобочица”, 82,5 м, „Водоча”, 42 м, „Тиквеш”, 104 м, „Калиманци”, 85 м, „шпилје”, 101 м и „Турија”, 77,5 м) и шест бетонски („Липково”, 29,5 м, „Градче”, 29 м, „Младост”, 27 м, „Прилеп”, 35 м, „Ратевска Река”, 49 м и „Глажња”, 71,5 м). До 1972 г. се завршени уште пет насипни брани, од кои најголема е „Стрежево” (76 м, особено значајна за Битола и околината). Последниве 10 годи1932) – композитор. Од 1954 г. жи-Мавровската брана „БРАТСКИ ТРУД” Б Табела 1. Големите брани во Македонија Име Река Година Тип ХХЛⅤВ Намена к БР 3 33 на изградба мммм м×10 Св. Андреја Треска 1938 Л 29,5 38,0 64,0 3000 3550 ХЕ Маврово Мавровска 1952 З 54,0 62,0 210,0 777000 357000 ХЕ, НА Липково Липковска 1958 Л 29,5 40,0 203,0 13000 2250 НА, Ⅴ Градче Кочанска 1959 Л 29,0 43,0 150,0 12000 2400 В, НА Младост Отовица 1962 Л 27,0 34,0 73,0 2560 8000 НА Глобочица Црн Дрим 1965 К-З 82,5 90,0 196,0 998000 58000 ХЕ Водоча Водоча 1965 К-З 44,0 48,7 185,0 316800 27600 НА, Ⅴ Прилеп Ореовечка 1966 П-Л 35,0 38,5 408,5 25500 6000 НА Тиквеш Црна Река 1968 К-З 104,0 113,5 338,0 272200 475000 НА, ХЕ Калиманци Брегалница 1969 К-З 85,0 92,0 240,0 1389000 127000 НА, ХЕ шпилје Црн Дрим 1969 К-З 101,0 112,0 330,0 2699000 520000 ХЕ Ратевска Ратевска 1972 Л 49,0 53,0 194,0 21700 10500 В, НА Турија Турија 1972 К-З 77,5 93,0 417,3 1978000 48000 НА, В, ХЕ Глажња Липковска 1972 Л 71,5 80,0 344,0 168000 22000 НА, ХЕ Мантово Лакавица 1975 К-З 37,5 49,0 138,0 261000 47500 НА, Ⅴ Стрежево шемница 1982 К-З 76,0 84,6 632,0 4300000 112000 НА, В, ХЕ Паљурци Луда Мара 1982 З 21,1 21,5 310,0 185000 2900 НА Суводол Суводолска 1982 З 33,9 38,3 941,0 1740000 7880 Р, Ⅴ Подлес Водник 1985 Л 18,0 22,5 92,0 6660 310 НА, Ⅴ Мавровица Мавровица 1982 З 24,0 29,0 360,0 400000 2800 В, НА Иловица Иловичка 1999 К-З 27,8 29,8 274,0 131000 500 В, НА Козјак Треска 2003 К-З 114,0 126,0 300,0 3340000 550000 Р, ХЕ, Ⅴ Лисиче* Тополка (2006) З 66,0 76,9 579,6 3295000 23000 В, НА Лошана* Лошана (2006) К-Н 41,0 45,2 165,0 260000 1080 Ⅴ Клуч: Х– височина над теренот; Х– конструктивна височина; Л– должина на браната во круната; В– волумен на браната; В– вкупен волумен на к БР акумулацијата; З – земјена брана; К-З – каменоземјена ; К-Н – каменонасипна брана; Л – лачна брана; П-Л – повеќелачна брана; Ⅴ – водоснабдување; НА – наводнување; ХЕ – хидроенергија; Р– ретензија; * – во изградба ни изградбата на браните е повторно интензивирана, па е изградена „Козјак” (2003), а во завршна фаза се земјената брана „Лисиче” (66 м) и каменонасипната „Лошана” (41 м, прва со екран од геосинтетика). Започната е градбата на „Св. Петка”, на реката Треска, а во план се десетина други брани. Љ. Т.