БОРБАТА НА НОЖОТ

БОРБАТА НА НОЖОТ (1/14 Ⅶ 1907) – борба на пл. Бабуна помеѓу 54 македонски востаници и османлиска војска од 3.000 војници. Врвот Ножот бил опкружен од османлиските сили вечерта на 13 јули. Утрото четниците биле повикани да се предадат. По нивното одбивање, започнала жестока борба до попладневните часови. Кога им привршила муницијата, одлучиле сите заедно да се саможртвуваат. Девет востаници веќе загинале, а останатите пушките ги искршиле, бомбите, муницијата и преостанатиот експлозив ги ставиле на куп, запеале македонска патриотска песна и легнале врз експлозивот и се саможртвувале. ЛИТ.: Христо Силянов, Освободителните борби на Македония, Ⅱ, София, 1983. В. Ст. БОРБИТЕ ВО СОЛУНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ