БИСТРИЦА – село во Битолско.

БИСТРИЦА – село во Битолско. Се наоѓа во источното подножје на планината Баба, расположено од двете страни на Краешка Река на надморска височина меѓу 600 и 700 м. Во последните години населението е во опаѓање, и тоа од 1.140 ж. во 1981 г. се намалува на 1.015 ж. во 2002 г. Од нив 949 биле Македонци, 55 Албанци и 11 други. Главно занимање е одгледувањето житни и градинарски култури и овоштарството. Има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.