АРБОРЕТУМ

АРБОРЕТУМ „КРУШЕВО” – формиран 1950 г., како теренска опитна станица на шумарскиот институт од Скопје. Лоциран близу градот Крушево на 1.300-1.400 м н.в., одигра многу важна улога во процесот на интродукција на голем број иглолисни егзоти, кои денес масовно се застапени во нашата земја и заземаат важно место во македонското шумарство. Ал. Анд.