АМЕРИКАНСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ (јули 1944 – мај 1945) – втора странска линија на територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Мисијата пристигнала преку територијата на Србија, во состав: мајор Скот Дикенсон, шеф на мисијата, Тед, радиотелеграфист, Стево Бузич и Стив Силјанов (по потекло Македонец), преведувачи, и Стефан Бизик, наредник. Била независна мисија која испраќала политички, воени и економски податоци до штабот на Канцеларијата за специјални служби (ОСС). Мисијата од Македонија била повлечена во мај 1945 г. ЛИТ: Велика Британија и Македонија. Документи 1942-1945. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 2000; Воените мисии на Соединетите Амарикански Држави во Македонија 1944-1945. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 2007. Т. Ч. Македонската црква „Св. Климент” во Торонто АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ