АЛЕКСИЈ

АЛЕКСИЈ – протостратор, прв ктитор на малата црква изградена во 1095 г. посветена на св. Никола во с. Манастир (Мариово). Бил роднина на императорот Алексиј Комнен. Откако била урната малата црква (1266), чијшто ктитор бил Алексиј, на нејзино место игуменот Акакиј изградил преубава нова црква што опстојува до денеска. ЛИТ.: Д. Коцо – П. Миљковиќ-Пепек, Манастир, Скопје, 1958; Ф. Баришић, Два грчка натписа из Манастира и Струге, „Зборник радова Византолошког института”, 8/2, Београд, 1964; В. Ј. –урић, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974. З. Р.-Н.