ПЕЧАЛБАРИ

„ПЕЧАЛБАРИ“ – драма од Антон Панов, премиерно изведена на 3. Ⅲ 1936 г. во Народното позориште во Скопје, во режија на Јосиф Срдановиќ. Оваа пиеса имала свои премиери и во: Белград, Сцена од претставата „Печалбари“ (МНТ) Ниш, Бања Лука, Сараево. По Втората светска војна со неа бил отворен Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја. Во Скопје имала премиера на 24. Ⅺ 1942 г. По Војната, во нашите театри имала 21 премиера, а на сцените надвор од Републиката 22 премиерни изведби. Р. Ст.