ПЕЛА

ПЕЛА (АГИИ АПОСТОЛИ) – село во Егејскиот дел на Македонија, Република Грција; 2500 ж. (2002). Се наоѓа 40 км северозападно од Солун, во Пазарско Поле, на надморска висина од 60 м. Како град Пела била престолнина на Филип Ⅱ и на Александар Ⅲ Македонски. Подоцна е именувано како Постол и било населено само со Македонци. Во 1913 г. во П. живееле 590, а во 1920 г. 737 ж. Во 1924 г. дел од Македонците биле преселени во Бугарија и на нивно место се населиле 675 Грци од Источна Тракија. Одреден број македонски семејства, како и поединци, во времето на Граѓанската војна биле принудени да се преселат во Југославија. Во следниот период бројот на населението постепено се зголемувал и во 1961 г. во П. живееле 2.146 ж., кои се со мешан етнички состав (Грци и Македонци). Главно занимање на населението е производство на житни и индустриски култури. П. е родното село на македонскиот културно-национален деец Крсте Мисирков. Во селото има останки од некогашниот град Пела и археолошки музеј (в. Пела). ЛИТ.: Тодор Симовски, Населени места во Егејска Македонија, кн. прва, Скопје, 1978. Ал. Ст. Љубе Пота