НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈОХРИД – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивна музејска презентација. Нејзин основач е Градскиот народен одбор на Охрид (1951). Припаѓа на општите музеи, со задача да прибира, стручно и научно да ги обработува и да ги презентира предметите поврзани со археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста на Охрид и Охридско. За своите музеолошки функции располага со простор 2 од 1.200 м корисна површина. Како резултат на стручните и научните активности, има собрано над 36.000 музејски предмети. Сега има постојана изложба, а во рамките на своите активности приредува и чести повремени изложби во кои ги презентира постојните собрани фондови. Во својот состав има и Галерија на средновековни икони. Во својство на Завод за заштита на спомениците на културата врши и конзерваторско-реставраторски зафати врз културните добра. К. Бог.