ЈАНИЌИЕВИЌ, Лилјана

ЈАНИЌИЕВИЌ, Лилјана (Скопје, 28. IX 1938) – физичар, ред. проф. (1981) на ПМФ. Дипломирала (1961) на ПМФ, магистрирала (1965) во Блумингтон (Индијана) и докторирала (1973) на ПМФ во Скопје со теорија за дифракцијата на светлината од линеарна зонска мрежичка. Објавила повеќе од 100 статии, значителен дел од нив во странство, во врска со појавите на дифракцијата, интерференцијата и поларизацијата на светлината, структурата на ласерскиот сноп и својствата на одделни видови холограми. Предавала повеќе пред-Лилјана Јаниќиевиќ мети, главно теориски, теориска електродинамика со специјална теорија на релативноста и квантната оптика. Била продекан на Факултетот за физика (1983–85). ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 159; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 168–169. В. Ур.