МАЛЕСИЈА

МАЛЕСИЈА – мал ридско-планински предел во западниот дел на РМ. Се протега на западните падини на планината Караорман, опфаќајќи го целиот слив на Збашка Река (Голема Река), десна притока на Црни Дрим. На исток се граничи со Дебарца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол и на југ со северната периферија на Струшко Поле. Во минатото се викала Закамен, од каде што потекнува познатата закаменска иселеничка струја. Денешното име $ го дале соседните Албанци што живеат на северната периферија на Струшко Поле, а означува „Брда“. Релјефот е ридски и планински, испресечен со повеќе длабоки долини. Климата е планинска, со ладни зими и свежи лета. Падините на Караорман се покриени со дабова и букова шума. Во М. се наоѓаат четири села: Присовјани, Збажди, Р’жаново и Локов. Сите се или раселени или се наоѓаат во фаза на целосно преселување. Додека во 1961 г. во М. живеле 926 ж., во 2002 г. останале да живеат само 22 ж. и тоа во Збажди (10) и Присовјани (11), а другите две села се раселени. Населението го сочинуваат Македонци на кои основно занимање им е сточарството. ЛИТ.: Бранислав Руси¢, Малесија, „Годишен зборник на ФФ“, кн. 6, Скопје, 1953. Ал. Ст.