ИЛУСТРАЦИЈА

ИЛУСТРАЦИЈА -. цртеж, скица, гравура, фотографија, што служи за ликовно појаснување на текстот или книжевната творба, за да се украси и збогати текстот. Првите вистински илустрации се средновековните минијатури во црковните и научните книги. Во Македонија со илустрација се занимавале: Н. Този, Љ. Оџаклиевски, И. Велков, Т. шијак, Д. Кондовски, М. Топуз, О. Манески, Д. Исаиловски, Д. Божиков, Т. Манески, Ж. Туниќ, Д. Андонова. Ал. Цв.