ИЛИЕВСКИ, Александар Ставрев

ИЛИЕВСКИ, Александар Ставрев (с. Сурдулци, Радовишко, 24. Ⅻ 1938) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа и Филозофски факултет во Скопје (1964). Постдипломските студии ги започнал на Филозофскиот факултет во Бел-град, а магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1993), каде што и докторирал (1995). Работел како библиотекар на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет (1971–1995). По докторирањето е избран за доцент, а потоа за редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје по предметот Дидактика. Објавил повеќе трудови на андрагошки теми. БИБ.: Народните универзитети во Македонија 1919–1941, 1999; Работничките и народните универзитети во минатото, денес и во новиот милениум, 2004 и др.ЛИТ.: Работничките и народните универзитети во минатото, денес и во новиот милениум, Скопје, 2004 (Белешка за авторот). К. Камб.