ИВАНОВ, Јован Миланов

ИВАНОВ, Јован Миланов (Скопје, 4. Ⅴ 1935 – Скопје, 3. IX 1993) – офталмолог, проф. на Мед. ф. По завршувањето на Мед. ф. (1960) и специјализацијата по офталмологија (1965), работел на Очната клиника во Скопје. Докторирал во Белград (1979), примариус станал во 1981 г., а од 1986 г. професор по офталмологија. Во 1976 г. извршил хетеротрансплантација на корпус витреум на човек со витреус од окото на ендемската риба салмо летница од Охридското Езеро. П. Б.