ЗАРЧЕВ, Димитри

ЗАРЧЕВ, Димитри (Охрид, 17. XI 1940) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1966). Најголем дел од својата професионална активност ја минал во ГП „Трудбеник” како директор. Проектирал и реализирал разновидни објекти во кои е присутна тенденцијата за синтеза на старата охридска архитектура со модерната. Работел и во сферата на урбанистичкото планирање. Бил претседател на Општина Охрид. Реализирал повеќе станбени комплекси, станбени куќи и индивидуални семејни куќи, станбениот комплекс „Охридати”, „Далјан”, станбени кули „Лескајца” во Охрид; хотелот „Метропол” во Охрид (1968) (со В. Зарчева); хотелот „Крани” на Преспанското Езеро (1981); Трговскиот центар „Амам” во Ох-рид (1995); Фабриката за преработка на пластични маси „Лихнида” во Охрид (1968); Индустрискиот комплекс „Сувенир” во Самоков (1979). Урбанистичко планирање: ДУП за „Езерски лозја” во Струга (1970); ДУП „Саат кула” во Велес (1981). Кр. Т.