ЕНДОКРИНА ДИСРУПЦИЈА, РИБИ

ЕНДОКРИНА ДИСРУПЦИЈА, РИБИ – нарушување на физиолошките процеси во организмот под дејство на супстанции во животната средина (ксенобиотици), кои интерферираат со функционирањето на ендокриниот систем. Најпознати се контрацептивните средства, диоксините, фураните, фенолите, некои пестициди (меѓу кои најпроминентен е ДДТ) и др. Постои јасна евиденција дека експонираноста на овие хемикалии во акватичните средини е асоцирана со развојни аномалии и репродуктивни нарушувања кај рибите и кај другиот жив свет. Во 1997 г., во Македонија се започнати првите истражувања на ефектите од ендокрината дисрупција кај рибите во Преспанското Езеро. Д. Р.-З. Авни Енѓулу