ДОГО, Марко

ДОГО, Марко (Падова, Италија, 1946) – италијански унив. професор, историчар, балканист, јужнославист и македонист. Почнува како асистент на Факултетот за општествено-политички науки во родниот град, потоа е професор на Факултетот за литература и филозофија, па во Институтот за средновековна и современа историја на Универзитетот во Трст. Научна преокупација му е подунавско-балканската и јужнословенската историја (ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в.), со посебно внимание и на македонската културно-национална историја. БИБ.: Ла динамите е ла меззалуна. Ла љуестионе мацедоне нелла публицистица италиана 1903–1908, Удине, 1983; Лингуа е назионалита ин Мацедониа. Виценде е пенсиери ди профети дисармати 1902–1903, Милано, 1985; Светозар Марковиц, Ил социалисмо неи Балцани. Сцритти сцелти а цура ди Марцо Дого, Римини–Фирензе, 1975. Бл. Р.