ДИОНИС

ДИОНИС – најпочитуваното божество кај Македонците, попознато како Бакхос (Еврипидовата драма Бакхос е посветена на ова божество); бригиско-едонско божество на вегетацијата со оргијастички ритуали што ги изведуваат бакхите – Макети и Менадите, кои во Македонија се нарекуваат Клодонки и Мималонки (сп. Плутарх). Кај Пајонците Дионис се нарекува Дијалос. Една од претставите на божеството е вотивната плоча најдена во Стоби. Во Мелник, Асдулес е прикажан со винова лоза качен на коњ, во придружба на Пан, Силен и пантер. Придружници му се Сауди, Саби или Сави, па оттаму и името на ова божество е – Савадиј. ЛИТ. : Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.